Без струја утре поголем дел од Куманово

Сподели со своите пријатели

На повеќе локации низ Куманово утре ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 14:30 часот утре прекини ќе има во ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и на улиците „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентие Поповиќ“, и „Благој Пецкалија“,

Во истиот период без струја ќе останат и корисниците од улиците „Бранко Радичевиќ“, „Ратко Митровиќ“ , Михајло Пупин, „30-ти Јули“, „Стево Филиповиќ“ и „Руѓер Бошковиќ“.

Во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Илинденска“, „Kирил и Mетодиј“, дел од булеварот „Tрета МУБ“ поточно спроти „Рим Париз“.

Утре од 09:10 до 10:30 без струја ќе останат и улицата „Доне Божинов“, локалитетот Прмакови ниви, објектите спроти Спомен Костурница, кланица „Црн Бик, Ново Куманово, Железничка станица и населбата Средорек.

Прекини во истиот период утр еќе има и на улицата „Јоско Илиевски“, спортскиот аеродром Аџитепе, како и фабриката „Феликс“.

Никола Ивановски