ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздрави посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оценувајќи ја како значајна потврда дека државата успешно ја спроведува реформската агенда и остварува конкретен напредок на патот кон Европската Унија.

Од партијата истакнуваат дека реформските резултати се препознаени од европските институции, но нагласуваат дека заштитата на македонското достоинство, идентитет и национални интереси останува нивна црвена линија.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението:

Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР со засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети

Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати.

Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики.

Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати.

Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди.

Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДОАЃА ЦИКЛОН: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и невреме

Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси.

Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија.

Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања.

Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува.

Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР со засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети

Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта.

Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.