Во Отља приведен 26-годишник кој возел и покрај тоа што имал забрана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник бил приведен во липковско Отља откако полицијата констатирала дека возел иако имал активна забрана.

– На 02.06.2026 во 01:45 часот во с.Отља, општина Липково, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода У.С.(26) од с.Кондово, скопско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Ппи вршење редовна патролна дејност, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото иако имал активна забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урнал куќа која била заштитено културно наследство, па изградил објект на државно земјиште

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, додаваат од СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против У.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски