Макрон: Франција запре танкер што пловеше од Русија, неприфатливо е да се заобиколат санкциите

Сподели со своите пријатели

Француската морнарица го запре „Тагоре“, уште еден танкер под меѓународни санкции што пловеше од Русија, изјави утрово францускиот претседател Емануел Макрон.

Операцијата е спроведена вчера, во Атлантскиот Океан, на отворено море, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи ја и Велика Британија, и во строго почитување на поморското право, напиша Макрон на мрежата X.

Тој додаде дека е неприфатливо бродовите да ги заобиколуваат меѓународните санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години.

Макрон изјави дека овие бродови, кои ги игнорираат дури и најосновните правила за навигација, претставуваат и закана за животната средина и безбедноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се агентите на Путин кои оперираат низ Европа: Имаат 30ина години, тешко се забележуваат, а еве што прават