Отворено осмото издание на фестивалот на краток филм „Филмај“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер свечено беше отворено осмото издание на меѓународниот фестивал на краток филм „Филмај“.

На дводневната манифестација, која се одржува на 27 и 28 мај, пред љубителите на филмската уметност беа најавени 16 краткометражни филмови од домашна и странска продукција.

 

 

Годинашните награди ги додели жири-комисијата во состав Елеонора Венинова, сценаристка и режисерка, актерката Ангела Стојановска и режисерот Георге Тодриа.

За најдобар македонски филм беше прогласен „Остров“, со сценарио и режија на Бранко Костески.

 

 

Наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија му припадна на Балинт Кенјерес за филмот „Претстава“, додека признанието „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија го доби Џанлука Палма за филмот „Непријател“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово повеќе умрени од новородени, опаѓа бројот на разводи

Авторот Диан Вејс ја доби наградата „Козјак“ за најдобро сценарио за филмот „Мршојадци“, а највисокото фестивалско признание „ФИЛМАЈ“ за најдобар краток филм му припадна на „Нилски коњи“, во сценарио и режија на Џ.Џ. Лин.

 

 

Во официјалната селекција се најдоа и три филма од домашна продукција – „Избор“ во режија на Марко Црногорски, „Зајак“ на Ханис Багашов и „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски.

Пред публиката беа најавени и селектираните филмски остварувања „Добредојдовте дома“, „Норхајмсунд“, „Пес и волк“, „Агапито“, „Али“, „Којоти“, „Чоколатце“ и „Висок напон“.

 

 

Фестивалот е во организација на Фото кино клубот „Козјак“, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово, во рамки на Програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какво време ќе имаме во Куманово претстојниов продолжен викенд?

 

Никола Ивановски