Неколку лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во белгискиот град Бугенхаут, помеѓу Антверпен и Брисел, кога утрово се судрија воз и училишен автобус.
Според белгиските медиуми, возот бил на околу еден километар од станицата и во моментот на несреќата кочел.
Судирот се случил околу 8:08 часот наутро, кога училишниот автобус влегол на железничкиот премин.
Надлежните служби наведуваат дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека рампите биле спуштени и дека светлосната сигнализација на преминот била црвена, но дека сè уште истражуваат како се случила несреќата.
Бројот на мртви и повредени засега не е официјално потврден.
Околу 100 патници биле евакуирани од возот и тие биле згрижени, додека во училишниот автобус имало седум деца и еден возрасен.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.

