Педесет и тригодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата ќерка.
– На 19.05.2026 во 16:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 30- годишна ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

