ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово од 22 до 24 мај ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад на три локации низ градот, со цел да се намали непрописното фрлање стар мебел и друг вид отпад на јавни површини.
Во рамки на акцијата ќе бидат поставени специјални контејнери за одлагање кабаст отпад, а граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат отпадот на однапред определени места.
Контејнерите ќе бидат поставени:
– пред ООУ „Толи Зордумис“,
– во дворот на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата „Иго Тричковиќ“,
– на улицата „Тоде Думба“, кај Кошеви.
Од претпријатието информираат дека акцијата ќе започне на 22 мај во 12 часот и ќе трае до 24 мај до 12 часот.
Со оваа активност, како што посочуваат од ЈП „Чистота и зеленило“, се очекува да се избегне создавање диви депонии и грдата слика од расфрлан кабаст отпад низ Куманово.
Никола Ивановски

