Белорусија, која поседува руско нуклеарно оружје, денеска објави дека спроведува обука за нивна употреба.
„Целта на вежбата е да се подобри нивото на обука на персоналот, да се тестира подготвеноста на воздухопловните сили за извршување задачи и да се организираат борбени операции од непланирани области“, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија.
Министерството изјави дека воената вежба не е директно насочена против која било земја, ниту претставува закана за безбедноста во регионот, пренесува Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин неколку пати повтори дека Москва ја задржала контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Војната со Иран ги чинеше компаниите 25 милијарди долари: Повеќето од нив се од Европа

