Милионска кауција за Јермак: Поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски ослободен од притвор

Сподели со своите пријатели

Кауцијата од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд, е платена за поранешниот шеф на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на Судот.

„Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е ослободен со целосна кауција“, рече таа, пренесува Укринформ.

Кауцијата од 140 милиони одговара на сума од 2,7 милиони евра.

Јермак е осомничен како дел од истрагата за наводно перење пари поврзани со изградбата на станбениот комплекс „Династија“ во близина на Киев.

Според обвинителството, случајот се однесува на можни незаконски финансиски текови и злоупотреби во рамките на организирана група.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зона на смртта“ на украинскиот фронт. Новото оружје ја трансформира војната

Тој беше уапсен откако на 11 мај беше обвинет од страна на Специјализираното обвинителство за антикорупција (САП) на Украина и Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) за кривично дело перење пари во особено големи размери, што законот предвидува затворска казна од осум до 12 години.