Кумановец тешко повреден, паднал од мотор додека возел со 2,8 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец се здобил со тешки повреди откако паднал од својот мотор кој го управувал под дејство на алкохол.

– На 12.05.2026 околу 18:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Илинденска“ и плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, Д.Ѓ.(47) од Куманово, управувајќи мопед „пиаџо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и извшени проверки, било констатирано дека Д.Ѓ. го управувал мопедот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ја одбележа Неделата на медицинските сестри со крводарителска акција (ВИДЕО)

– Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски