Премиерот на Словачка работеше ноќна смена во пекарница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја помина ноќта пред 1 мај работејќи како доставувач во пекарница за да покаже солидарност со работниците во земјата.

На социјалните мрежи, тој сподели видео од него како доставува леб и печива во продавници и болници низ Словачка, а во видео објавено на Фејсбук, се гледа како товари и истоварува камион за достава во раните утрински часови и доставува стока од пекарницата до купувачите на големо.

Во соопштението, тој наведе дека е во градот Нова Дубница.

„Сакам да ве поздравам од мојата ноќна смена. Само што доставивме свеж леб и печива“, рече Фицо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија забрзано се подготвува за војна? Овде ќе „пумпаат“ најмногу пари

Премиерот претходно нагласи дека пораснал во работничко семејство и дека со вакви постапки сака да покаже почит кон работата и работниците.

Додаде дека веќе неколку години учествува во ноќни смени во пресрет на 1 мај.

По завршувањето на смената, тој рече дека работата е успешно завршена и ја нагласи важноста на работата.

„Заврши. Ноќната смена е зад мене. Горд сум што ја работам својата работа за луѓето најдобро што можам“, рече премиерот на Словачка.