Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен против Феникс го играат последниот меч од оваа сезона.
Станува збор за петти натпревар од плеј аут лигата, каде кумановци досега имаат максимален скор од 4 победи по исто толку одиграни натпревари.
Вечерашниот натпревар кој се игра од 20:30 часот, нема да смени ништо, оти и двата клуба веќе имат обезбедено место во Супер лигата и за следната сезона.
Куманово, Чаир и Работнички остануваат суперлигаши и следната сезона, а Феникс, Гостивар и Ангели ќе паднат на понизок ранг натпреварувања.
Никола Ивановски

