Со нож избоден 57-годишник од Бајловце

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишник од Скопје бил приведен под сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на мештанин на селото Бајловце.

– На 26.04.2026 во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(30) од Скопје затоа што во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, со остар предмет го нападнал С.П.(57) од село Бајловце, при што му нанел повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  49-годишен кумановец натепан од сопругата

Никола Ивановски