Во последниот натпревар од 4.коло од Плеј-аут лигата, кошаркарите на МКК Куманово излегоа како победници против Работнички.

Уште во текот на првата четвртина кумановци обезбедија сосема солидно, двоцифрено водство од десет поени (25:15), кое до полувремето го зголемија. Поточно, имаа уште поубедливи (53:37) домашните кошаркари на истекот на првото полувреме.

На почетокот на второто, нешто подобра игра на „црвено-белите“ од Скопје што резултираше со намалување на високата негатива.

По нешто повеќе од пет минути од тој дел од играта, МКК Куманово имаше плус од 10.поени (61:51).

Но кумановци брзо ја вратија комотната разлика, и до крајот на овој дел од играта, поведоа со (73:55), водство кое го задржаа во последните десет минути.

Стевановиќ имаше 26.поени (осум асистеннци и седум скока), Луковиќ го заврши овој меч со двоен ефект од 15.поени и 13.скока,

Свои одлични минути, уште во првото полурвеме, имаше Бајрам, кој само десет минути поминати во игра, дојде до 13.поени, со максимален ефект во шутот од поле (3/3 за три и 2/2 за два поени). Митевски додаде уште 11, а Ѓуроски 10.поени за победнишката екипа.

Во екипата на Работнички, која веќе го обезбеди опстанокот во најелитното натпреварување. Рикиќ запиша ефект од 30.поени и 11.скока (плус и три асистенции), Робев дополни со 11.поени (три скока и две асистенции), а Грушановиќ допиша 10.поени (имаше и три скока).






















текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски

