ЖРК Куманово забележа пораз од лидерот на табелата Ѓорче Петров (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов забележаа пораз од лидерот на табелата ЖРК Ѓорче Петров во рамки на домашниот шампионат.

 

 

Од самиот старт скопската екипа покажа доминација на теренот и сакаше да докаже дека е фаворит за освојување на шампионската титула сезонава, па на полувреме имаше предност од 14:19.

 

 

Падот на концентрацијата на избраничките на тренерот Александар Бојковски, но и демотивацијата во вториот дел од неколкуте судски одлуки, ги сопре кумановки да направат пресврт во резултатот, што тимот на Ѓорче Петров го искористи да даде уште голови за конечни 24:43.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска три села во кумановско

 

 

Во тимот на ЖРК Куманово најефикасна беше Мариана Силва Азеведо со осум голови, четири постигна Аманда Стеин, а по еден помалку запишаа Ангела Шехтанска и Нена Несторовска.

 

 

Во тимот на Ѓорче Петров со по осум голови најефикасни беа Стефанија Ѓорѓиевска и Емилијана Ризоска.

 

 

И покрај овој пораз кумановки остануваат на цврстата 4. позиција.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски