Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на Велика Британија доколку премиерот Кир Стармер не го укине данокот за дигитални услуги, објави „Телеграф“ во петокот, повикувајќи се на интервју со претседателот.
Доналд Трамп изјави за „Телеграф“ дека ќе „воведе огромни царини на Велика Британија“ доколку не го укине данокот, кој се смета за неправедно насочен кон американските технолошки компании.
Обединетото Кралство воведе данок на дигитални услуги од 2 проценти во 2020 година, што беше критикувано и од Трамп и од неговиот претходник, демократот Џо Бајден.
Данокот се однесува на компании како што се „Епл“, „Гугл“ и „Мета“ на „Алфабет“.
„Не ми се допаѓа кога ги таргетираат американските компании, бидејќи всушност зборуваме за нашите одлични американски компании и водечките компании во светот“, рече Трамп.
„Го разгледуваме тоа и можеме многу лесно да одговориме со едноставно наметнување големи царини на Велика Британија. Затоа треба да бидеме внимателни. Ако не го отстранат данокот, веројатно ќе воведеме големи царини на Велика Британија“, додаде тој.
Изјавите на Трамп доаѓаат пред посетата на британскиот крал Чарлс на САД следната недела.

