Дваесет и двегодишен фудбалер од Куманово вчера пријавил дека бил физички нападнат од судија на натпревар во Агино село.
– На 19.04.2026 во 16:30 часот во СВР Куманово, И.А.(22) од Куманово, фудбалер на фудбалскиот клуб „Куманово-Милано“, пријави дека околу 11:00 часот на стадион во с.Агино село, кумановско, пред завршување на натпревар помеѓу фудбалските клубови „Македонија-Агино“ и „Куманово-Милано“, Г.П. – судија на натпреварот, по претходна расправија, физички го нападнал, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

