Криза во Полска: Десетици окружни болници на работ на банкрот

Сподели со своите пријатели

Најмалку 40 окружни болници во Полска се соочени со ризик од банкрот, изјави претседателот на Сеполскиот сојуз на работодавачи во окружните болници (ОЗПСП) Валдемар Малиновски, најавувајќи протести низ целата земја за да ги потенцираат проблемите на локалните здравствени установи пред властите.

Извештајот за финансиската состојба на здравствените установи подготвен од Здружението на полски окрузи (ЗПП) ќе се расправа во среда на конференцијата на ОЗПСП, ЗПП и организациите на пациенти, јавува Радио Зет.

Малиновски предупреди дека финансиската состојба во болниците постојано се влошува и дека десетици институции може да пропаднат.

Според него, потребно е поедноставување на здравствениот систем кој, како што вели, е преоптоварен со регулативи и организациски тешко се одржува, додека дополнителни законски измени би можеле да го оневозможат бизнисот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на ракети со касетни боеви глави (ФОТО)

Како едно од решенијата го спомена носењето на нов закон за здравство.

Во соопштението на Министерството за здравство се нагласува дека „сегашната политика за финансирање на здравството води кон колапс на институциите и реално ја загрозува безбедноста на пациентите“.

Тоа укажува и на проблеми како што се неплатени сметки за 2025 година, ограничување на финансирањето на надминати услуги и потценети цени на здравствените процедури, поради што повеќето болници работат со загуба, додека вкупните загуби на државно ниво достигнуваат милијарди злоти.

Здружението предупредува и на најавите на Националниот фонд за здравство за намалување на средствата за амбулантска специјалистичка нега и рехабилитација, како и промени во начинот на пресметување на дијагностички прегледи како КТ, магнетна резонанца, гастроскопија и колоноскопија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Разорен земјотрес ја погоди Јапонија

Протестот ќе се одржува во текот на целата недела, почнувајќи од денеска, под името „Црна недела“.

„Протестираме, не против пациентите, туку во нивно име, барајќи праведно финансирање и вистински дијалог за иднината на окружните болници“, велат од ОЗПСП. Болниците кои учествуваат на протестот ќе бидат обележани со знамиња, а персоналот ќе носи црни маици.

Организаторите потенцираат дека пациентите нема да трпат последици и дека сите медицински услуги ќе се даваат без прекин.

Во среда е планирано едноминутно молчење пред болниците, јавува Танјуг.