Непалските власти издадоа налог за апсење по поранешниот премиер на земјата, Шер Бахадур Деуба, поради обвинение за перење пари, соопштија судски извори.
Налог за апсење по Шер Бахадур Деуба и неговата сопруга, поранешната министерка за надворешни работи Арзу Рана Деуба, беше издаден во вторник од страна на судот во Катманду, на барање на Одделот за финансиски криминал, објавува денес Фигаро.
Властите побараа помош од Интерпол за извршување на налогот, бидејќи двојката моментално се наоѓа во Сингапур, според локалните медиуми.
Шер Бахадур Деуба (79), пет пати беше премиер од 1995 година и беше долгогодишен лидер на Непалската конгресна партија пред да биде соборен во јануари, објавува Танјуг.
Во порака што ја објави на социјалните мрежи, поранешниот премиер негираше каква било вмешаност во случајот и го осуди како „лажна пропаганда“.

