Фицо: Русија профитира од намерните штетни дејствија на Украина

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Словачка ќе се соочи со „исклучително сериозни меѓународни предизвици“ во наредниот период и дека Русија во моментов најмногу профитира од „намерно штетните украински дејствија и бесмислената војна на САД и Израел против Иран“ преку зголемувањето на цените на енергијата.

Во видео порака на социјалните мрежи, Фицо оцени дека САД ја губат контролата врз војната во Иран, додека ситуацијата со нафтата и гасот дополнително се влошува, пренесува Таср.

„Словачката влада, во соработка со рафинеријата Словнафт, прави сè за да се осигура дека, и покрај зголемувањето на цените на горивата, Словачка ги одржува цените ниски… Заедно со Унгарија и други земји, се бориме гасоводот Дружба повторно да проработи и очите на Европската комисија, која ги руши светските рекорди во некомпетентност и идеолошко слепило, да им ги отворат очите“, рече Фицо, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриена шемата: Руските сателити следат, Иран гаѓа

Тој исто така најави дека во наредните денови и недели ќе им оддаде почит на жртвите на фашизмот и на оние што се бореле против него за време на Втората светска војна – на споменикот Славин во Братислава, во концентрациониот логор Дахау во Германија и во Москва на Денот на победата, додека во јуни ќе го одбележи отворањето на Вториот фронт во Нормандија.

„Ова се добри можности за развивање идеи за тоа како да се зајакне мировниот процес во овие тешки воени времиња“, рече Фицо.