Москва се заканува: Балтичките земји се предупредени, ако се разумни, ќе послушаат

Сподели со своите пријатели

Москва издаде посебно предупредување до балтичките земји во врска со нивната одлука да отворат воздушен простор за прелети на украински беспилотни летала за време на нападите врз Русија, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

„До овие земји е испратено соодветно предупредување. Ако овие режими, овие држави, се разумни, ќе послушаат. Во спротивно, ќе се соочат со последиците“, рече Захарова на маргините на форумот „Крилја на жените“ во Санкт Петербург, објави Спутник, а објави Н1 Хрватска.

Во изминатите неколку недели, балтичките земји постојано пријавуваа дека беспилотни летала влегле во нивниот воздушен простор, кои подоцна беа идентификувани како украински.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  17-годишен ученик со нож ја уби ствјата наставничка пред училиште, хорор во Русија