Ракометарите на Куманово викендов забележаа победа во рамки на 4. коло од плеј аут лигата, откако на гостински терен со 28:24 го совладаа составот на РК Радовиш.
Оваа е трета победа за кумановци во последните четири натпревари.
Најефикасни во составот на Куманово беа Тоше Ончев кој постигна 8 гола, а со два помалку мечот го заврши Египќанецот Омар Мамдух.
Кај домаќините Васе Петров беше најефикасен со пет погодоци.
Во следното коло Куманово е домаќин на Пролет.
Никола Ивановски

