Едно лице е убиено, а тројца се повредени во руски воздушен напад врз селото Шостка во Сумиската област, изјави денес началникот на воената администрација на регионот Суми, Олег Григоров.
Григоров изјави на Телеграм дека Русите ја погодиле Шостка со водени воздушни бомби (КАБ) и дека меѓу повредените има 29-годишна жена во тешка состојба, објави Укринформ.
Идентитетот на загинатата 59-годишна жена е потврден, а меѓу повредените има и нејзини роднини.
Погодени се приватни станбени куќи и една едносемејна куќа, додека последиците од нападот сè уште се истражуваат, пренесува Танјуг.

