Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера попладне по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
– На 01.04.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28 годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

