УХМР најавува обилен дожд и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој ќе достигнува и над 70 km/h, особено во североисточните делови.

Пообилни врнежи ќе има и утре (локално над 30 l/m²). Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со локален дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Во сабота ќе дува повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.

Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Никола Ивановски