26-годшен кумановец приведен, возилото одземено: Возел иако имал забрана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел и покрај тоа што имал активна забрана.

– На 01.04.2026 во 03:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, при контрола во сообраќајот, полициски службеници на улица „Бошко Буха“ сопреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.П., и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со впишана активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општинска зграда ќе биде изградена на „Чоробенско ќоше“

– По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски