Крадец нападнал 72-годишна жена во нејзиниот дом во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и двегодишна кумановка била нападната од крадец кој насилно влегол во нејзиниот дом со намера да ја ограби.

– На 31.03.2026 во 08:47 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нејзината куќа на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Ф.А.(72) била физички нападната од едно лице, кое влегло со употреба на сила во куќата и се обидело да одземе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница во Куманово за јакнење на мултикултурниот соживот (ФОТО)