Ирански напад во Европа може да биде откриен во Романија: Еве каков е одбранбениот систем

Сподели со своите пријатели

Сценариото во кое Иран лансира балистички ракети кон Европа се смета за реално, но сегашната одбрана се потпира на американскиот систем за противракетна одбрана, предупредуваат воените аналитичари.

Без американско учество, европските земји немаат независен, континуиран систем за пресретнување на балистички ракети.

Во моментов, сите клучни елементи на мрежата за откривање и уништување ракети во Европа се американски или зависни од американски надзор, што значи дека евентуалното намалување на американското присуство во НАТО може драстично да ја промени ефикасноста на одбраната.

Ограничени европски можности за откривање

Лансирањето на ирански ракети не би било веднаш забележано, бидејќи европските земји немаат сателитска мрежа способна да детектира такви лансирања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седиштето на најголемата кувајтска банка беше затворено поради ирански напади

Францускиот радар „Нострадамус“, кој се наоѓа на 90 километри западно од Париз, би можел прв да ја регистрира ракетата благодарение на рефлексијата на радио брановите од јоносферата.

Радарот покрива опсег до 4.000 km, но неговата прецизност е ограничена, со мртви зони и зависност од јоносферските услови.

Додека ракетата минува над Турција, европските земји нема да можат да ја следат, а само кога ќе се приближи до Романија ќе може да влезе во дострелот на британскиот радар AN/FPS-132 во базата РАФ Фајлингделс, која припаѓа на американскиот систем, иако е во сопственост на Британците.

Пресретнување проектили во Европа

Единствената земја во Европа која може да се обиде да пресретне без американска поддршка е Германија, која го распореди системот „Стрела 3“ во базата Фоервер Холцендорф, 80 километри јужно од Берлин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел: Убивме клучен инженер на Иранската револуционерна гарда

Радарскиот дел од системот ЕЛ/М-2080 може да ја открие ракетата на оддалеченост од околу 900 километри, кога веќе е над романско-унгарската граница.

Во случај проектилот да ги надмине можностите на „Стрела 3“, единствените преостанати обиди за пресретнување би можеле да ги направат системите Patriot PAC-3 во Германија, Холандија, Шведска, Романија и Полска, но само доколку системите се во состојба на подготвеност и ја штитат нападната цел, наведува „Дифенс експрес“.

Системите SAMP/T во Франција и Италија не се доволни за ефикасно пресретнување на современите оперативно-тактички балистички ракети со среден дострел.