Зеленски: Ќе разговараме со САД за можноста за примирје за Велигден

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев предложил прекин на огнот за време на претстојните велигденски празници во војната со Русија и дека утре ќе разговара за ова прашање со американската страна.

– Ова го кажав вчера и ќе го кажам повторно денеска, предложивме прекин на огнот за велигденските празници. Се надеваме дека Соединетите Американски Држави ќе го поддржат овој предлог и го чекаме одговорот на Русија. Утре ќе разговарам со американскиот тим, меѓу другото, за ова прашање и ги чекаме резултатите. На сите им требаат резултати – изјави Зеленски за време на неформалниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Киев, пренесува Укринформ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Конфликтите во Иран директно го загрозуваат Ормутскиот Теснец и глобалниот пазар

Зеленски изрази благодарност до сите оние кои поддржуваат дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

– Правиме се за дипломатски да заврши оваа војна. Но, Русија не покажа намера да склучи сигурен договор. Се зависи од притисокот. Се надевам дека САД ќе останат решителни и ќе помогнат да се донесе Русија на трилатерална средба и да се изврши притисок врз неа заради мирот – рече украинскиот претседател.

Зеленски најави дека утре преку видеоконференција, украинската делегација ќе разговара со американски претставници, како и со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.