Претседателот Доналд Трамп ќе и се обрати на нацијата во среда вечер за да и соопшти „важни вести“ за војната во Иран, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит на социјалните мрежи.
Таа не објасни што се очекува да каже Трамп. Неговото обраќање е закажано за 21 часот по средноевропско време.
Трамп разговараше за војната во телефонско интервју за NBC News во вторникот наутро, велејќи дека „ние работиме одлично“ и дека конфликтот е „при крај“.
TUNE IN: Tomorrow night at 9PM ET, President Trump will give an Address to the Nation to provide an important update on Iran.
— Karoline Leavitt (@PressSec) March 31, 2026
Тој подоцна им изјави на новинарите дека очекува САД да го „напуштат“ Иран за две до три недели, додавајќи дека Иран не мора да постигне договор со САД за да се стави крај на војната.
Сепак, тоа се случи еден ден откако Трамп рече дека САД преговараат со Иран и дека е постигнат напредок, а во исто време тој се закани на инфраструктурата на Иран доколку не се постигне договор за завршување на војната и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Иран објави дека нема преговарачки процес со САД.
Војната влегува во вториот месец. NBC News овој месец објави дека на Трамп постојано му било понудено да се повлече од војната, но ги отфрлил сите понуди.
Во САД, потрошувачите ги чувствуваат финансиските последици од конфликтот. Просечната цена на галон бензин во вторникот надмина 4 долари, достигнувајќи го највисокото ниво од 2022 година, додека Иран продолжува да го ограничува транспортот низ Ормускиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта.
Американците изразија незадоволство од високите цени на нафтата, а анкетите покажуваат дека гласачите не се задоволни од управувањето на Трамп со економијата.
Последното обраќање на Трамп до нацијата беше во декември, кога го бранеше своето економско досие.

