Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека актуелните конфликти во Иран веќе директно влијаат на глобалните енергетски пазари, особено на транспортот на нафта и гас преку Ормутскиот теснец.
Во видео обраќањето до учесниците на Меѓународниот форум за транспорт и логистика, Путин рече дека безбедноста на испораките станува одлучувачки фактор и дека Русија може да понуди алтернативи и безбедни рути за меѓународна трговија, пренесе Спутник.
„Русија може да одигра важна улога во формирањето на нова архитектура на глобалната логистика и меѓународната трговија“, посочи тој.

