Лидерката на десничарската партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, потврди дека сака да се кандидира за претседател на Франција во 2027 година, доколку судството и го дозволи тоа.
Ле Пен во интервју за Parisienne нагласи дека нејзината цел не е премиерската функција во случај да не успее да се кандидира за претседателската функција, бидејќи „не бара утешна награда“.
„Меѓу Јордан (Бардела) и мене беше договорено, доколку судскиот систем не ме спречи, јас да бидам кандидат на претседателските избори, а тој да биде мој премиер“, потврди таа, јави денеска ТВ БФМ.
Епилогот на судот за можноста за нејзина кандидатура се очекува на 7 јули, откако со првостепената пресуда и беше изречена забрана за вршење јавна функција во траење од пет години.
Ле Пен го отфрли значењето на разликите во анкетите и потенцијалните сојузи на Бардела со другите десничарски партии, нагласувајќи дека „главната точка на анкетите е сеуште високиот рејтинг на кандидатот на РН во првиот круг“, пренесува Танјуг.

