Потона чамец со мигранти во Турција, најмалку 18 загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица загинаа кога гумен чамец со мигранти потона во средата кај западната турска провинција Мугла, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување во областа продолжуваат.

Крајбрежната стража соопшти дека бродот со надворешен мотор бил откриен во 6 часот наутро по локално време кај брегот на областа Бодрум во Мугла и се обидел да избега и покрај постојаното предупредување да запре.

Бродот подоцна потонал поради неповолните временски и морски услови во областа, се додава.

Хеликоптер на крајбрежната стража и три брода се испратени во областа за потрага и спасување, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека досега спасиле 21 лице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Финската полиција истражува мистериозен дрон на границата

Во соопштението не е прецизирано од каде тргнал бродот и каде се движел.

Егејското Море е чест транзитен пат за илјадници мигранти кои се обидуваат да преминат од Северна Африка и Блискиот Исток во Европа, особено од Турција, која е домаќин на милиони бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан.