Иран: „Нападнаа џамија и убија три лица“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полуофицијалната иранската агенција Мехр њуз објави видео на кое, како што тврдат, се прикажани последиците од вчерашниот американско-израелски напад врз џамија во градот Занџан, еден од најважните шиитски верски центри во централен Иран.

Според државната агенција ИСНА, во нападот загинале три лица, а неколкумина се повредени.

Голема штета на комплексот

На видеото се гледа голема материјална штета на зградата на џамијата, со расфрлани остатоци и чад што се издига од комплексот.

Иранската државна телевизија ИРНА објави дека биле погодени делови од комплексот, при што биле уништени административни и културни згради, вклучително и библиотека и сала за состаноци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио: Ако не можеме да ги користиме базите, зошто сме во НАТО?