Погоден меѓународниот аеродром во Кувајт

Сподели со своите пријатели

Ирански дрон погоди резервоар за гориво на меѓународниот аеродром во Кувајт, што предизвика голем пожар, соопштија денеска кувајтските власти.

Државната новинска агенција КУНА објави дека нападот во раните утрински часови во средата предизвикал „голем пожар“ на аеродромот.

Според првите информации нема повредени, а противпожарните бригади се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Меѓународниот аеродром во Кувајт и претходно беше цел на ирански напади за време на конфликтот.

Агенцијата КУНА наведува дека овој напад најверојатно бил извршен со поддршка на Техеран, најверојатно од милиции од Ирак поддржани од Иран.

Во друг напад, Бахреин рано во средата соопшти дека работи на гаснење на пожар во комерцијална зграда што беше предизвикана од ирански напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Несреќа во рудник во Пакистан, загинаа девет работници

Засега нема информации за жртви во тој напад.