Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас и заменик-амбасадорот Бен Нупнау, во рамки на нивната посета на општината.

На средбата се разговарало за реализираните и тековните проекти поддржани од Европската Унија, кои имаат значајно влијание врз развојот на локалната заедница.

Димитриевски информира дека била изразена заедничка согласност за досегашната соработка и постигнатите резултати.

„Беше споделено обостраното задоволство од меѓусебните односи, кое ќе се одржува преку континуирана соработка и дијалог, со цел спроведување на проектни активности во сите општествени области“, истакна градоначалникот.
Средбата е дел од активностите за продлабочување на партнерството меѓу општина Куманово и Европската Унија, со фокус на идни проекти и развојни иницијативи.
Никола Ивановски

