Кумановка го претепала својот сопруг, полицијата ја привела

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишна кумановка била приведена вчеравечер по пријава дека физички го нападнала својот сопруг.

– На 24.03.2026 во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиja од слобода А.Ј.(50) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 58- годишен сопруг дека физички го нападнала во семејниот дом во кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово