Израел тврди дека Ларијани и командантот на Басиџ се убиени, Иран без реакција

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот безбедносен службеник Али Ларијани е убиен во нападот, додека никој од Иран сè уште не објавил официјална реакција.

Во исто време, израелската армија објави дека командантот на паравоената милиција Басиџ, Голамреза Солејмани, исто така е убиен во нападот во понеделник вечерта.

Според израелската војска, неговото убиство претставува „значаен удар“ врз командните структури и управувачкиот систем на Иран.

Во соопштението се додава дека Израел „ќе продолжи силно да дејствува“ против иранските воени команданти.

Израелските тврдења сè уште не се потврдени од ирански извори, а официјален Техеран сè уште не ги коментирал овие обвинувања, според Ал Џезира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Војната се решава на терен, а не на Твитер“: Иранската гарда му се потсмева на Трамп (ВИДЕО)