Граѓаните на Куманово достоинствено оддадоа почит и поддршка до семејствата на 63-те ангели, кои настрадаа во пожарот минатата година, во дискотеката „Пулс”, во Кочани.
View this post on Instagram
На градскиот плоштад се одвиваа активности преку целиот ден, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Општината.

Во спомен на жртвите се палеа свеќи, со молитва и надеж никогаш да не се повтори ваква трагедија.

Во вечерните часови светлата на градскиот плоштад симболично се изгасија на 63 секунди.

Насобраните граѓани, ученици од општински училишта и членови на балетски студија, направија ѕвездено небо со тивка позадина на класична музика, бели рози и бели балони, кои беа пуштени во етер.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претставници од општинската администрација.









Никола Ивановски

