Деца од Куманово испиле течност за земјоделски култури, пренесени на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Две деца на возраст од три и четири години завршиле на скопските клиники по труење со течност која се користи за земјоделски култури.

– На 15.03.2026 во 11:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив биле донесени две деца на возраст од три и четири години од кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во опаѓање

Никола Ивановски