Неделна прогноза за Куманово: Температурите во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околинта денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуогисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, а максималната ќе достигне 13 степени целзиусови.

Среда носи облачно време со слаб до умерено засилен ветер од источен правец. Минималната температура ќе се спушти околу четвртиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од исток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 0 до максимални 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  При претрес кај кумановец пронајдени повеќе видови дрога (ФОТО)

 

 

Во петок ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди и пад на температурите. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне девет степени целзиусови.

Облачно со кратки сончеви периоди ќе биде и во сабота. Ќе дува слаб до умерен севен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

Недела носи претежно сончево време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималнта температура ќе се спушти до еден степен во позитива, а максималната ќе достигне 13 степени целзисуови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во Кочани

 

 

Следната недела носи претежно стабилно време со благ пораст на температурите.

Никола Ивановски