Францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе одржи телефонски разговор со лидерите на Групата седум (Г7) за кризата во Иран и зголемувањето на цените на енергијата, објави синоќа Елисејската палата.
Разговорите ќе се одржат во време кога владите на земјите-членки на Г7 размислуваат како да одговорат на наглиот пораст на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран, пренесува Ројтерс.
Министрите за енергија на Г7 во вторник не постигнаа договор за ослободување на стратешките резерви на нафта, но побараа од Меѓународната агенција за енергија да ја процени ситуацијата пред да го преземе тој чекор.
Цените на нафтата скокнаа на речиси четиригодишен максимум во понеделник, но вчера паднаа за 11 проценти откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната на Блискиот Исток би можела наскоро да заврши.
Американските претставници, исто така, разгледуваат чекори за да се обезбеди непречен транспорт на нафта низ Ормутскиот теснец.
Ова вклучува поморска придружба за комерцијални бродови и заштита на танкери за да се спречат понатамошни прекини во глобалното снабдување со енергија.

