Поради реконструкција на улица „425“ привремена измена на линијата Бедиње – Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Поради изведување градежни активности за реконструкција на улицата „425“ во населбата Иго Тричковиќ, Општина Куманово информира дека ќе има привремена измена во сообраќањето на општинскиот линиски превоз на патници на линијата број 8 Бедиње – село Тромеѓа.

Како што соопштуваат од општината, автобусите на оваа линија привремено ќе сообраќаат до и од автобуското стојалиште кај бензинската станица „Роси Петрол“, кое се наоѓа на регионалниот пат Р-1204, на приклучокот со автопатот А2.

Линијата 8 вообичаено сообраќа на релацијата Бедиње – село Тромеѓа, поминувајќи низ повеќе улици во градот, меѓу кои „11-ти Ноември“, „Индустриска“, „11-ти Октомври“, булевар „3-та МУБ“, „Гоце Делчев“, „Доне Божинов“, булевар „Октомвриска Револуција“, „Ѓорче Петров“, „Михајло Пупин“ и „Веселин Маслеша“, а потоа продолжува по регионалниот пат кон селото Тромеѓа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: На Табакана ќе изградиме паркинг, а не нова зграда (ВИДЕО)

Од Општина Куманово посочуваат дека ваквата измена ќе важи сѐ додека не се создадат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот на улицата „425“, која претставува патниот правец кон селото Тромеѓа.

Никола Ивановски