Седумдесет и осумгодишна жена од Крива Паланка починала во возило на Итната помош, на пат кон кумановската болница.
– На 07.03.2026 во 12:50 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово е пријавено дека на место викано „Света Петка“, општина Старо Нагоричане во возило од Итна медицинска помош Крива Паланка починала пациентката М.Т.(78) од Крива Паланка при пренос кон Општа болница Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Никола Ивановски

