Дванаесетгодишник од Куманово бил навредуван, исмејуван, и наведуван да скокне од прозорецот на училницата, од страна на свој соученик.
– На 03.03.2026 година во 12:45 во СВР Куманово, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека подолг период во основното училиште во Куманово, во кое учел нејзиниот 12-годишен син бил малтретиран од негов сооученик, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, соученикот често го навредувал и се исмејувал на нејзиниот син, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата.
– Исто така, 35-годишната жена пријавила дека син ѝ го информирал педагогот во училиштето, но не било преземено ништо, ниту пак ја информирале неа, додаваат од полицијата.
Над малолетникот биле извршени прегледи во кумановската болница и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

