Почина Бајрам Сулејмани, кој беше градоначалник на Куманово во периодот од 1989 до 1991 година.
Сулејмани беше извонреден педагог, професор, новинар и публицист. Во текот на својата богата кариера работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалната радио станица, а во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово.
Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора.
Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски денеска упати сочуство до семејството Сулејмани.
– Со должна почит сакам да упатам искрено сочувство до семејството на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, г-дин Бајрам Сулејмани. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница. Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување, напиша Димитриевски.
Никола Ивановски

