Локации на ЦИА во Ирак и Саудиска Арабија погодени со дронови

Сподели со своите пријатели

Локациите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на Соединетите Американски Држави во Ирак и Саудиска Арабија биле нападнати со беспилотни летала во последните два дена, велат извори запознаени со ситуацијата.

Два беспилотни летала погодија локација во Ирак, каде во тој момент немаше американски персонал, јави денеска Си-Би-Ес.

Нема информации за жртви на локацијата во Саудиска Арабија, велат изворите. ЦИА и саудиската амбасада во Вашингтон не ги коментираа нападите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Повеќе од 9.000 Американци безбедно се вратија дома од Блискиот Исток