Земјотрес со јачина од 4,5 степени е регистриран на Сицилија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на Сицилија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, 14 километри од Катанија и 154 километри од Палермо.

Засега нема извештаи за штети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерот на мексиканскиот картел погребан во златен ковчег (ВИДЕО)