Изминатиот период засадени се над 130 садници долж булеварот „Трета МУБ”, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Како што додава, акцијата е во рамки на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство помеѓу Општините Куманово и Ќустендил.

Како дел од проектот, исто така поставена е и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци.

Претходно слична акција беше спроведена и на булеварот „Октомвриска револуција“.


Никола Ивановски

